Сопственикот на Милан, Јонгхог Ли категорично ги отфрли обвинувањата дека кога тој го презеде тимот се случило „перење пари“ и најави судска парница против весниците кои објавија така.
„Ла стампа“ и „Ил секоло 12“ објавија дека купувањето на италијанскиот гигант од поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони било искористено за перење пари, а денеска се покрена цивилна парница околу трите депозити од 100 милиони евра пред преземањето на тимот. Кинескиот сопственик реши да одговори на обвинувањата.
„Италијанските весници објавија вести околу наводното перење пари преку ‘Фининвест’, по што мораме да реагираме. Процесот на купување на Милан беше изведен со транспарентност, почитување на регулативите и со поддршка на интернационални финансиски групи. Оваа медиумска кампања против клубот мора да престане и затоа ќе поднесеме тужба за клевета против весниците за да се заштити интегритетот на клубот“, се вели во соопштението на Ли.