Аурелио де Лаурентис, сопственикот на Наполи, зборуваше за најважната тема откако го освоија четвртото скудето во историјата. Еден од најдобрите играчи во последната деценија, Кевин Де Брујне се поврзува со италијанскиот првак.
Де Брујне, кој го заврши својот деветгодишен мандат во Манчестер сити, не доби нов договор, што значи дека како слободен играч си оди од „Етихад“.
„Знам дека купил прекрасна вила. Разговарав со него утрово, неговата сопруга и син беа исто така таму“, тврди Де Лаурентис, објави Џанлука ди Марцио. Сопственикот на Наполи додаде дека сè уште ништо не е официјално, но дека преговорите влегле во сериозна фаза.
„Не можеме ништо да кажеме додека не биде официјално“, додаде Де Лаурентис.
Наводно, Наполи на Де Брујне му нуди 27 милиони еврс за три годишен договор.
Навивачите на клубот од Неапол се заинтересирани и дали Антонио Конте, архитектот на овој успех, ќе остане на чело на стручниот штаб.
„Тренерите имаат договори ако сакаат да останат, поради тоа сме многу среќни“, подвлече Де Лаурентис.