Андреа Радризани газдата на фудбалскиот клуб Лидс Јунајтед имал намера да ја прошири сопственичката структура на клубот.
Главен кандидат за купување на акциите на Лидс, тим што се натпреварува во Чемпионшип, бил Насер Ал-Келаифи инаку газда на Пари Сен Жермен.
Радризани неодамна за „Тајмс“ изјавил дека имал 20 понуди и дека изборот го намалил на три, меѓу кои била и онаа на првиот човек на „Катар Спортс Инвестментс“.
„Прво ние сме големи пријатели, долго време сме во добри односи. Второ, тој е во можност да му помогне на клубот да му стане конкурент на Манчестер сити, што би било фантастично за навивачите. Најважно е клубот повторно да биде голем. Не знам дали кога ќе влеземе во Премиер лигата ќе им ги „отворам вратите“ на другу инвеститори“, рекол Радризани.
Лидс по 11 рунди во Чемпионшип се наоѓаат на петтото место со 20 бода. Играч на Лидс од 2017 година е македонскиот репрезентативец Алиоски.