Top Sport

Сорентино ќе го памети дебито на ЦР7 откако заврши во болница

Киево потврди дека голманот Стефано Сорентино има скршен нос и повреда на рамото и вратот добиени при сударот со Кристијано Роналдо во мечот од првото коло во Серија А во саботата.

39-годишниот Сорентино накратко остана во несвест по судирот со Роналдо во финишот на мечот, и ноќта ја помина во болница, пред да биде пуштен утрото и да се јави на „Твитер“. Тој не се лути на ЦР7, но имаше интересна порака.

„Ви благодарам на сите за пораките на љубов и почит. Ние имаме фантастичен тим и вчера имавме судир со големината. Во исто време, ЦР7 апсолутно ме погоди“, напиша Сорентино.

Scroll to Top