Top Sport

Сосема прикладно – Роналдо израмни од пенал!

Егзибицискиот меч помеѓу Пари Сен-Жермен и „Ол-Стар“ тимот од Саудиска Арабија, односно дуелот Роналдо-Меси, се одвива како по сценарио, откако по раното водство на ПСЖ преку Лео Меси уште во 3. минута, Кристијано Роналдо успеа да го израмни резултатот.

Во 33. минута беше досуден пенал за тимот на Роналдо, и Португалецот сигурно го реализираше пеналот за 1:1.

Саудискиот тим потоа во 39. минута доби теренска предност, откако Хуан Бернат успеа да добие црвен картон на пријателски меч.

Меси и Роналдо пак се сретнаа, Лео веднаш одговори со гол

Scroll to Top