Top Sport

Сосиедад со победа кај Алмерија се зацврсти на третото место на табелата

Реал Сосиедад продолжи со одличната форма оваа сезона во Шпанија, откако со третата победа едноподруго, овојпат со 2:0 на гости кај Алмерија се зацврстија на третото место на табелата, шест поени зад фаворитите за титулата Барселона и Реал Мадрид.

Победата на тимот на Иманол беше обезбдена за пет минути во второто полувреме, откако прво ветеранот Давид Силва во 47. минута го отвори резултатот, за Александер Сорлот во 52. минута да го удвои водството.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top