Top Sport

Братен незапирлив и во Аделбоден

Норвешката скијачка сензација, Лукас Братен е победник на престижниот слалом во швајцарскиот Аделбоден, заддржувајќи го водството од првото возење за триумф пред неговиот сонародник Атле Ли Мекгрет и Германецот Линус Штрасер.

22-годишниот Братен, кој веќе победи на слаломот во Вал Д’Изер и велеслалаомот во Алта Бадија оваа сезона, имаше комбинирано време од 1:49.31 на тешката патека, за 0.71 секунди пред сонародникот Мекгрет, кој успеа да скокне од петтото место по првото возење. Штрасер на третото место заостана 0.92 секунди, додека Швајцарецот Лоик Мејар по ветувачкото второ место по првото возење заврши на делба на четвртото место со Италијанецот Алекс Винацер.

Братен е лидер во генерален пласман во слалом со 250 поени, пред Австриецот Мануел Фелер со 241, откако тој беше само седми во Аделбоден, додека трет е Хенрик Кристоферсен со 230 поени откако не ја заврши трката. Во вкупниот генерален пласман, Швајцарецот Марко Одермат (кој не скијаше) е лидер со 1.046 поени пред Норвежанецот Алексндер Омод Килде со 646 и Кристоферсен со 565 поени.

Scroll to Top