Top Sport

Солскјер му се налутил на Саутгејт

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер упатил жестоки критики кон селекторот на Англија Герет Саутгејт. Солскјер е незадоволен од одлуката на селекторот да го исфрли од репрезентацијата Мејсон Гринвуд откако тој заедно со Фил Фоден во Рејкјавик го прекришја ковид-протоколот.

Гринвуд и Фоден по натпреварот помеѓу Исланд и Англија (0:1) во Лигата на нации, во хотелот каде што биле сместени повикале две девојки. Младите надежи на англискиот фудбал го прершиа сите протоколи за Ковид-19 поради што Саутгејт ги врати во Англија додека остатокот од репрезентацијата продолжи кон Данска.

„Дадов се од себе да го одморам во летниот период, ми беше потребен ментално и физички и прво што се случи доби повик за настап во репрезентацијата и веднаш заврши во медиумите“, рекол Солскјер кој изгледа е незадоволен што Саутгејт воопшто го повикал неговиот фудбалер во националниот тим.

Солскјер имал разговор со Гринвуд, но детали од него не сакал да им открие на новинарите.

Scroll to Top