Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид ремизираа 1:1, во четвртото коло, во Примера. Натпреврот го обележа дебитантот во редовите на Сосиедад, Умар Садик, повредата на Јан Облак, одличниот домашен голман Алекс Ремиро, кој во финишот имаше неколку добри одбрани и лошото судење на Цезар Сото Градо.
Атлетико одлично го отвори натпреварот, откако Феликс беше изблокиран во чиста шанса, Алваро Мората во петата минута го отвори резултатот.
Домаќинот потоа ја презеде иницијатива, создадоа една добра шанса кога ударот на Серлот заврши во стативата. Јан Облак во првиот дел лесно одбрани неколу удари од далечина.
Атлетико во првиот гол постигна уште ден гол, Мората беше стрелец, но Градо откако ја прегледа снимката реши дека асистентот Феликс играл со рака.
Во вториот дел, Сосеидад израмнија преку најскапото засилување во клупската историја, Умар Садик. Нигериецот постигна гол во 55.минута.
Во 83.минута Облак ја напушти играта. Словенецот се повреди неколку минути претходно, тој се судри со соиграчот Реинилдо.
Во наредниот напад Ремиро го одбрани ударот на Кореа во ситуација „еден на еден“.
До крајот Атлетико изгради акција за гол, гризман беше фаулиран а судијата Градо не почитуваше предност и покрај тоа што гостите постигнаа гол.
Во самиот финиш, Зубиненди во последен момент го блокира ударот на Коке, откако Ремиро го одбрани ударот на Феликс.