Совршениот преоден рок, ПСЖ, го заокружија во пет минути до 12, со трансферот на талентираниот лев бек, Нуно Мендеш. Интерес за 19-годишникот од Спортинг Лисабон, покажаа сите големи клубови, тој на крајот го одбра ПСЖ.
Мендеш, во ПСЖ, се пресели како позајмен играч, а во спротивна насока замина Пабло Сарабија.
За позајмицата ПСЖ на Спортинг ќе му платата седум милиони евра, плус во целост ќе ја покриваат платата на Шпанецот Сарабија.
Со доаѓањето на Мендеш, ПСЖ го комплетираа тимот.
Вкупно „светците“, во преодниот рок потрошија на засилувања 67 милиони евра. Ашраф Хакими го купија за 60 милиони евра од Интер, за Мендеш потрошија седум милиони, а по завршувањето на сезона ќе можат да го откупат неговиот договор за 40 милиони евра.
Ѕвездите Џиџи Донарума, Серхио Рамос, Жоржињо Вајналдум и Лионел Меси, во Париз дојдоа како слободни играчи.
❤️? #?????????? pic.twitter.com/gMmvwBlJy7
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) August 31, 2021