Top Sport

СП Русија: ФИФА поднесе кривична пријава поради продажба на билети

Светската фудбалска федерација (ФИФА) поднесе кривична пријава против сајтот „viagogo.com“, поради неовластена продажба на билети за натпреварите што ќе се играат на претстојното Светско првенство во фудбал.

Пријавата била поднесена до јавното обвинителство во Женева на 4.мај.

Во соопштението на ФИФА се потенцира дека организацијата, во изминатите неколку месеци, примила многу поплаки од поединци, здруженија на потрошувачи…дека сајтот „прави измама“.

„Viagogo.com“, билетите за натпреварите во Русија ќе продавал по двојно поголеми цени.

На пример, најевтината влезница за премиерниот меч на Светското првенство помеѓу Русија и Саудиска Арабија, на овој сајт се продава за цена од 480 долари, додека кај ФИФА цената на иста таква влезница изнесува 220 долари.

Scroll to Top