Top Sport

Шест и пол години затвор за Здравко Мамиќ

Здравко Мамиќ е осуден на шест и пол годишна затворска казна поради финансиски малверзации во фудбалскиот клуб Динамо Загреб. Покрај Здравко Мамиќ, судот во Осијек, затворски казни им изрече и на неговиот брат Зоран, како и Дамир Врбановиќ и Милан Перар.

Четворицата се обвинети дека Динамо Загреб го оштетиле за речиси 16 милиони евра, а државниот буџет за 1,6 милиони евра.

Најголема казна доби Здравко мамиќ, неговиот брат Зоран и осуден на четири години и 11 месец, Врбановиќ на три години, а Пернар на четири години и два месеци.

Здравко Мамиќ ќе мора да ги врати незаконски стекнатите пари и ќе му бидат одземени два стана во Загреб. Неговата сопруга во рок од 15 дена мора да ги врати становите што тој ги купил со незаконски стекнатите пари.

Исто така на семејството Мамиќ ќе му бидат одземени и јахтата, односно автомобилот „Бентили“.

Меѓу трансферите со кои бил оштетен буџетот на Динамо се и оние на големите ѕвезди Лука Модриќ и Дејан Ловрен.

Scroll to Top