Top Sport

СП Русија: Иранците веќе пристигна во Русија

Фудбалската репрезентација на Иран е првиот национален тим што пристигна во Русија, каде од 14.јуни до 15.јули ќе се одржува 21.Светско првенство во фудбал. Иранците веќе се сместени во својата база Локомотива Баковка во Москва.

„Да се биде во Русија е остварување на сонот за иранскиот фудбал. Тоа го постигнавме со напорна работа. Чест и привилегија е што сме тука“, рекол селекторот на Иран Карлос Кеирош по пристигнувањето во Русија.

Португалецот дополнил дека целта на Иран е што подолго да остане на светското првенство, а на Русија и посакал успешен и одличен мундијал.

Иран првиот натпревар ќе го одигра на 15.јуни, против Мароко во Санкт Петербург. Во ова група се и фаворитите Шпанија и Португалија.

Иран петти пат во историјата е учесник на светско првенство.

Scroll to Top