Резервниот голман на фудбалската репрезентација на Хрватска, Ловро Калиниќ, ќе биде највисок играч на Светското првенство во Русија. Рускиот портал „Спорт24“, повикувајќи се на конечните списоци на репрезентациите што ќе играат на СП, објави дека најнискиот и најтешкиот играч го носат дресот на Панама.
За натпреврите на светското првенство во Русија ќе конкурираат 736 фудбалери, највозрасен од нов е 45-годишниот египетски голман Есам Ал-Хадари, а најмлад е Австралиецот Даниел Арзани.
Ал-Хадари е роден на 15.јануари 1973 година, додека Арзани е роден 28 години подоцна, на 4.јануари 1999 година.
Хрватскиот голман Калиниќ со своите 201 сантиметри е највисок на СП, а најниски се Алберто Кинтеро и Јахиа Ал-Шекри. Репрезентативците на Панама, односно Саудиска Арабија се високи 165 сантиметри.
Најмногу килограми има соиграчот на Кинтеро, Роман Торес. Тој е тежок 99 килограми. Според килограмите најлесни се Такаши Инуи )Јапонија), Хавиер Акињо (Мексико) и Мубарак Бусуфа (Мароко). Овие тројца имаат по 59 килограми.