Top Sport

Педроса ја напушта Хонда

Дани Педрос и Хонда решија по 18 години да стават крај на соработката. Хонда со официјално соопштение му се заблагодари на Педроса.

Шпанецот за Хонда во „кралската класа“ возеше 13 сезони и во тој период забележал 31 победа и три пати сезоната ја завршувал на втората позиција.

Претходно, Педроса, како возач на Хонда освоил една титула во класата до 125 кубни сантиметри и две во класата до 250 кубни сантиметри.

Педроса од почетокот на годината очекуваше тимот да му понуди нов договор, но тоа не се случи поради неговите лоши резултати. На првите шест трки најдобра резултат му е петтото место во Ле Ман. Од шесте трки, Шпанецот, на три остана без пласман.

Засега нема информации каде ќе ја продолжи кариерата Педроса, ниту кој ќе го замени во Хонда.

Scroll to Top