Top Sport

СП Русија: Најдобри голмани на досегашните шампионати

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) од 1994 година и Светското првенство во САД, официјално ја доделува наградата за најдобар голман на првенството. Прв што ја добил наградата „Лав Јашин“ е Белгиецот Мишел Прудон.

ФИФА од СП во 2010 го смени името на наградата, така што во Јужна Африка Икер Касиљас ја доби наградата „Златна ракавица“.

На светските првенства одиграни во периодот од 1930 до 1994 година не се доделувала награда за најдобар голман, меѓутоа секогаш бил биран идеалниот тим на првенството.

Голмани во идеалните тимови на шампионите:

1930 – Енрике Балестерос (Уругвај)
1934 – Рикардо Замора (Шпанија)
1938 – Франтишек Планичка (Чехословачка)
1950 – Роке Масполи (Уругвај)
1954 – Гила Гросич (Унгарија)
1958 – Хери Грег (Северна Ирска)
1962 – Вилијам Шројф (Чехословачка)
1966 – Гордон Бенкс (Англија)
1970 – Ладислао Мазуркиевич (Уругвај)
1974 – Сеп Маер (СР Германија)
1978 – Убалдо Фиљол (Аргентина)
1982 – Дино Зоф (Италија)
1986 – Жан-Мари Фаф (Белгија)
1990 – Серхио Гоикочеа (Аргентина)

Добитници на наградата „Лав Јашин“:

1994 – Мишел Прудом (Белгија)
1998 – Фабијан Бартез (Франција)
2002 – Оливер Кан (Германија)
2006 – Џанлуиџи Буфон (Италија)

Добитници на наградата „Златна ракавица“:

2010 – Икер Касиљас (Шпанија)
2014 – Мануел Ноер (Германија)

Scroll to Top