Top Sport

Колегите го избраа Харден за МВП на сезоната (Видео)

Бекот на Хјустон Рокитс, Џејмс Харден е избран за најкорисен играч во НБА лигата, во гласањето, во кое учествувале кошаркарите. Како што соопшти синдикатот на НБА кошаркарите, Харден е избран за МВП на сезоната, а истото признание тој го доби и во 2015 година.

Популарниот „Брада“, во регуларниот дел од сезоната имал просек од 30,4 поени, 8,8 асистенции и 5,4 скока по натпревар. Хјустон регуларниот дел го заврши како најдобар тим во лигата со 65 победи и 17 порази.

Сепак Хјустон не успеа да се пласира во големото финале, бидејќи не успеа да ги совлада Голден стејт Вориорс во финалето на Западот. Вориорс серијата против Хјустон ја добија со 4-3, иако Хјустон имаше водство во победи 3-2.

НБА лигата, на 25.јуни, на официјална церемонија ќе го прогласи најкорисниот играч и ќе ги додели признанијата за најдобар дебитант (руки), дефанзивец, шести играч, играш што најмногу напредувал и тренер.

Во конкуренција за МВП на сезоната покрај Џејмс Харден се и Ентони Дејвис од Њу Орлеанс Пеликанс и Леброн Џејмс од Кливленд Кавалирс.

Scroll to Top