Top Sport

СП во 2026 година ќе се игра во САД, Мексико и Канада

ФИФА, на ден пред почетокот на Светското првенство во фудбал, на 68.конгрес во Москва, го одреди домаќинот на шампионатот што ќе се одржи во 2026 година.

На конгресот биле присутни сите 210 делегати, а 134 од нив гласале Светското првенство во 2026 година да се одржи во три држави: САД, Мексико и Канада.

foto: epa

Против кандидатот на заедничката кандидатура на овие три земји беше Мароко. Кандидатурата на Мароко ја поддржале 65 делегати.

Ова е четврти пат, во конечното гласање, Мароко да не ја добие организацијата на најголемиот фудбалски настан во светот.

Мундијалот во 2026 година ќе биде првиот на кој ќе учествуваат 48 репрезентации.

Scroll to Top