Top Sport

СПАЛ го потврдија Даниеле де Роси

Легендарниот поранешен капитен на Рома, Даниеле де Роси е нов тренер на СПАЛ, потврди второлигашот од Ферара, објаснувајќи дека потпишал договор за две сезони.

За Де Роси ова е почеток на тренерската кариера, и во Серија Б е се судри со други членови на победничката италијанска репрезентација од 2006 година, како Пипо Инзаги, Фабио Гросо и Фабио Канаваро на клупите, но и со Џанлуиџи Буфон, кој уште брани за Парма.

Де Роси по пензионирањето беше дел од тренерскиот тим на Роберто Манчини во италијанската репрезентација. СПАЛ го отпуштија Роберто Вентурато во понеделникот, откако по првите осум кола во Серија Б, неговиот тим освои само 9 поени.

Scroll to Top