Top Sport

СПАЛ ја налути „волчицата“ во Рим, па доживеа пораз (видео)

Екипата на Рома запиша три планирани бода против „фенерџијата“ во Серија А, тимот на СПАЛ иако мечот кој попладнево се одигра на „Олимпико“ во Рим не беше ни најмалку лесен за домашните.

СПАЛ го отвори резултатот од пенал, во 44 минута. Стрелец Петања.

Сепак, во вториот дел, „ ранетата волчица“ успеа да го изедначи резултатот. Во 54 минута по асистенција на Коларов, Пелегрини биеше од голема далечина, а топката помалку среќно го најде патот до мрежата.

Се до 66 минута резултатот беше егал, а тогаш Един Џеко беше соборен во шеснаесетникот. Сигурен реализатор на најстрогата казна кај Рома беше Пероти за 2-1.

За конечни 3-1 за мирна завршница се погрижи Ерменецот Михтарјан кој погоди во 83 минута.

Со денешните 3 бода, Рома се проби на 4-тата позиција на табелата, додека СПАЛ остана на дното со само 9 бода по 16 кола.

Scroll to Top