Top Sport

Јаховиќ му даде гол на Бешикташ среде Истанбул (видео)

Македонскиот фудбалски интернационалец, Адис Јаховиќ по подолг „сушен“ период, повторно се запиша во листата на стрелците во турскиот фудбалски шампионат.

Јаховиќ со гол од пенал во 99 минута (негов 10-ти сезонава) го урна големиот Бешикташ и тоа среде Истанбул, на неговата „Водафон арена“.

Тимот на Јаховиќ, Малатијаспор успеа да победи на тешкото гостување со 2:0. Ова е голем триумф на Малатијаспор ако се знае дека пет меча беа без победа.

За Јаховиќ денешниот е прв гол по пауза од 4 меча. Тој заедно со Романецот Станчу е на врвот на листата на стрелци со по 10 гола по 15 кола сезонава.

Scroll to Top