Лучано Спалети повеќе не е тренер на фудбалерите на Интер. Спалети го предводеше клубот од „Џузепе Меаца“ во изминатите две сезони.
Интер, во четвртокот, го официјализираше она што беше најавувани во изминатите неколку месеци. Челниците на клубот го отпуштија 60 годишниот Спалети.
За две сезони како тренер на Интер, Спалети, забележал 46 победи, 20 порази, а 24 натпревари тимот под негово водство одиграл без победник.
Спалети добро ќе го наплати отказот, бидејќи за предвремениот раскин на договорот Интер ќе мора да му исплатат 25 милиони евра.
Нов тренер на Интер ќе биде Антонио Конте, кој по едногодишна пауза повторно се враќа на работа.