Top Sport

Спалети: Голите фотографии на Икарди? Кога е со нас е облечен!

Тренерот на Интер, Лучано Спалети вели дека нема проблем со Мауро Икарди и неговата неодамнешна фото-сесија на која е гол со својата сопруга, Ванда Нара, објаснувајќи дека „кога е со нас, тој се облекува како фудбалер на Интер“.

Интер се трети во Серија А на четири натпревари до крајот на сезоната, но имаат две ремија во последните два меча и во сабота гостуваат кај Удинезе, тим кој се бори за опстанок. Спалети вели дека нема да биде дефокусиран од Интернет-активностите на Икарди.

„Кога е со нас, тој се облекува како фудбалер на Интер. Тоа ми е важно. Оваа недела тренираше добро како и другите. Некои работи му пречеа во последно време, но тој е важен дел од нашиот тим. Икарди е добар бидејќи е балансиран и немам проблем со тоа и со него“, вели Спалети.

Икарди гол на колена пред Ванда! (галерија)

Scroll to Top