Top Sport

Роналдо: Навивачите во Мадрид бараат да се вратам

Кристијано Роналдо во последното интервју со шпанскиот весник „Ел паис“ тврди дека дел од „мразителите“ сакаат тој да не успее во Јувентус, но додава дека му се допаѓа кога ќе чуе дел од навивачите на Реал Мадрид кои сакаат тој да се врати во Шпанија.

Португалецот минатото лето замина од Реал поради „распад“ во односите со клубот и со претседателот Флорентино Перез, наводно откако тие не го поддржале доволно во проблемите со даночниците. Меѓутоа, тој сега вели дека нема проблем со Шпанците.

„Сите во Шпанија се однесуваа добро кон мене. Без разлика на даночните проблеми, кои не можам да ги сокријам, ниту да ги заборавам, си заминав со високо крената глава и мојот живот секогаш бил отворена книга. Фановите во Мадрид ме знаат, знаат дека дадов многу за Реал и кога ќе се сретнат со мене ми велат: ’Врати се Крис, ова секогаш ќе биде твој дом’. Тоа ми се допаѓа. Тие кои сакаат да критикуваат ме гледаат како личност без грижи и проблеми, што е тажно. Мислат дека јас не можам да имам проблеми со парите. Како може Кристијано да биде тажен кога има милиони? Знам дека ме чекаат да утнам пенал или да направам грешка. Но, јас останувам подготвен, како и многу години претходно“, вели Роналдо.

Scroll to Top