Top Sport

Спалети: Интер нема карактер

Тренерот на Интер, Лучано Спалети признава дека неговиот тим има слаба самодоверба по 1:1 ремито со Кротоне, оценувајќи дека тимот „има слаб карактер и е потпросечен во речиси секоја област“.

„Нераѕурите“ немаат победа во осум кола во Серија А, додека ако се сметаат сите натпреварувања, лузерската серија е на 10 натпревари – бидејќи го имаат победено само Порденоне на пенали во Копа Италија.

„Јасно е дека сме загрижени бидејќи не гледаме многу подобрувања. Не можеме да се откажеме, но мораме да најдеме некоја сигурност во тимот барем на тренинзите за да знаеме како да одиме напред. Очигледно, имаме проблеми бидејќи немаме толку долго победа, но признавам дека сме потпросечни во речиси секој дел. Малкуте играчи кои знаат да направат разлика и да дадат екстра квалитет исто така се потпросечни. Кога нешто ќе тргне наопаку, ја губиме самодовербата и имаме екстремно слаб карактер. Се враќаат стравовите од минатото“, вели Спалети.

Интер имаше фантастичен старт под новиот тренер, и до 9 декември беше на врвот на Серија А.

„Расположението во тимот и ентузијазмот се смени. Кога имате ентузијазам тој е заразен, но и негативните чувства се такви. Ова е тешко време за нас, но уште не сме загубиле ништо и мораме да е обидеме да направиме пресврт“, додава Спалети.

Откако Марцело Брозовиќ беше „фатен“ од камерите како ја шутира својата јакна кога беше заменет, тренерот вели дека сосема ја сфаќа реакцијата.

„Кога играч ќе реагира тоа е добро бидејќи барем има некаков одговор. Тој беше лут бидејќи работите не тргнаа како што треба, и бидејќи беше заменет, но нема да реагирам на тоа“, додава тренерот.

Нова „нула“ на Интер, осум меча без победа (видео)

Scroll to Top