Тренерот на Наполи, Лучано Спалети е добитник на престижнат „Енцо Баерцот“ награда за најдобар тренер во Италија по фантастичната сезона во која ги делат неколку недели од третото скудето и се пласираа во четврт-финалето на Лигата на шампиони првпат во историјата на клубот.
Наградата се доделува на најдобриот италијански тренер во избор на медумите во Италија, а во минатото неа ја добија Карло Анчелоти, Роберто Манчини и Роберто Де Ѕерби.
„Кога ќе ги видите сликите од Наполи и Марадона, морате да го прифатите притисокот, но и љубовта и страста на луѓето. Тука се живее за фудбал, но не е време за прослави. Ветив на мојот тим дека имаме уште многу работа пред нас“, изјави Спалети.