Тренерот на Интер, Лучано Спалети вети дека веќе нема да зборува за проблематичниот поранешен капитен Мауро Икарди и наместо тоа ќе се фокусира „само на тие кои се грижат за нашата судбина“.
Аргентинскиот напаѓач останува надвор од тимот на Интер поради наводна повреда на коленото, откако нема играно по одземањето на капитенската лента и Спалети, нормално, беше запрашан за фудбалерот пред мечот од Серија А против Каљари во сабота.
„Се кажаа многу работи за Икарди од Бепе Марота и од Жанг. Отсега јас не зборувам за него, туку само за тие кои се тука, бидејќи тие кои се на теренот се грижат за судбината на Интер. За другите веќе нема да зборувам“, изјави Спалети.
Шпекулациите во Италија велат дека Икарди веќе се договорил за трансфер во Јувентус, но ова останува само непотврдена гласина.
Фото: ЕПА