Top Sport

Спалети: Мечот против Англија ќе ни разјасни какви ни се шансите во иднина

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучано Спалети, ги кажа своите очекувања за натпреварот со Англија во квалификациите за Европското првенство 2024.

Италија синоќа во Бари ја победи Малта со 4:0.

– Важно беше да освоиме три бода без да ризикуваме и лесно да го добиеме натпреварот. Тимот добро се развива. Јасно е дека постои желба подобро да се запознаеме. Игравме добар фудбал. Натпреварот во вторник против Англија на „Вембли“ е еден од оние кои навистина можат да ни помогнат да разбереме какви се нашите шанси во иднина, изјави Спалети, за официјалниот сајт на УЕФА.

Репрезентацијата на Италија со 10 бодови е на второто место во групата Ц по 5 натпревари. Малта е последна без освоен бод по шест одиграни натпревари.

Во следниот натпревар избраниците на Лучано Спалети ќе играат на гости против Англија, а Малта ќе и гостува на Украина. Двете средби ќе се одржат на 17 октомври.

Во оваа група македонската репрезентација има освоено седум бода од шест натпревари.

Scroll to Top