Елиф Елмас го остави Наполи во Лига Европа. Репрезентативецот на Македонија, постигна два гола, во победата над Лестер (3:2). Наполи го освои второто место во групата, зад Спартак Москва и ќе игра во плеј-оф баражот за пласман во осмина-финалето.
Покрај херојот на Наполи, синоќа најсреќен беше тренерот Лучано Спалети. На крајот го исполни ветувањето што му го дал на Елмас и се фрли на теренот.
„Беше нервозен на полувремето, нешто не направил како што сакал. За да го смирам му ветив дека ако постигне втор гол ќе се фрлам на теренот. Не сакав да го сторам тоа веднаш, немаше да биде спортски, почекав да заврши натпреварот“, открил Спалети.
— Out Of Context Napoli (@NoContextNapoli) December 9, 2021