Top Sport

Спалети: На ваков терен не може да се игра фудбал

Лучано Спалети нема по добро да го памети селекторското деби. Во Скопје, Италија не успеа да ја победи Македонија, натпреварот заврши без победник 1:1.

Реми за Македонија обезбеди Енис Барди со брилијантен гол од слободен удар во 81.минута.

На прес конференцијата Спалети се пожали на теренот, кој навистина се наоѓа во катастрофална состојба.

„Не знаевме во каква состојба е теренот. Македонија тука имаше предност. Не мпжевме да ја развиеме нашата игра. Секогаш како ренер сакам мојот тим да игра убаво. Не успеавме да ја раздовиме дефанзивната линија на противникот, Македонија играше со петмина во одбраната. Инаку сум задоволен како мојот тим изгледаше на теренот“, рече Спалети.

За три дена Италија ќе ја пречека Украина во тој натпревар че го има императивот на победа.

Фото/gazzetta.it

Scroll to Top