Top Sport

Спалети: Нема врска, вака само се продолжува прославата на Наполи

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети, се обиде да гледа на позитивната страна на работите по разочарувачкото 1:1 реми со Салернитана во меч на „Диего Армандо Марадона“ кој можеше да им го донесе првото скудето од 1990 година со победа.

Сите услови за прослава беа на место, вклучувајќи ги илјадниците фанови и граѓани на Неапол на улиците, и иако Наполи поведе со голот на Матијас Оливеира, Булаје Диа постигна фантастичен гол во финишот на мечот за да ги замолчи гласните навивачи.

„Секако, момците се многу разочарани што не можеа да ја израдуваат оваа прекрасна публика, но знаевме дека ова се најтешките поени кои треба да ги освоиме. Салернитана се сериозен тим со силна одбрана, а бевме малку наивни со голот кој го примивме. Ја почувствувавме љубовта со нашите уши, знаеме дека го претставуваме сонот на овие луѓе. За мене, вака само задоволството ќе биде подолго и не се чувствуваме неудобно на првото место на табелата. Прославата вака ќе трае подолго, бидејќи сум сигурен дека ќе дојдеме до тие два поени.

Титулата ќе отиде кај Наполи во средината на неделата ако успеат да го совладаат Удинезе на гости, а може да им биде доволно и реми, но само ако Болоња не го победи Јувентус вечерва, а Лацио не освои три поени против Сасуоло.

Scroll to Top