Top Sport

Спалети: Немаме изговори за слабата игра на Интер

Откако освоија само четири поени во првите четири натпревари во Серија А и се најдоа во долниот дел од табелата, менаџерот на Интер, Лучано Спалети вели дека не постои изговор за 0:1 поразот од Парма.

И покрај тоа што се сметаше дека Интер ќе бидат најсериозниот конкурент на Јувентус за титулата оваа сезона, „нераѕурите“ имаат само една победа (3:0 над Болоња), а против Парма ги „уништи“ Федерико Димарко, фудбалер на Интер кој игра како позајмен играч во новиот прволигаш. Спалети сега вели дека треба да се фокусираат на следниот меч, дуелот од Лигата на шампиони против Тотенхем во вторник.

„Поразот боли, тоа е сигурно. Кога имаш четири поени од четири натпревари, тешко е да најдеш изговор. Бевме добри во текот на мечот, бевме постојано на нивната половина, но мораме да играме подобро од тоа што го покажавме. Одговорноста е моја ако повеќето фудбалери не го покажуваат својот потенцијал“, вели Спалети.

Фото: ЕПА

Scroll to Top