Top Sport

Хсиех со трофејот од Хирошима

Американската тинејџерка Аманда Анисимова не успеа да стигне до сензационална титула на Јапонија опен во Хирошима, откако по патот од квалификациите, загуби во финалето од Хсиех Су-Веи од Тајван.

Хсиех, која го играше првото финале по шест години, стигна до 6:2/6:2 победа над 17-годишната Американка за само 58 минути и ја освои својата трета титула во кариерата.

Анисимова претходно ја шокираше првата носителка Жанг Шуаи во полуфиналето, а во единствениот претходен меч со Хсиех ја победи со 6:0/6:1 во Хонолулу минатата година. Меѓутоа, откако пропушти две брејк топки на стартот на мечот, Хсиех доминираше за да ја освои својата прва титула во сингл по повеќе од шест години.

Scroll to Top