Италија заслужено се пласираше на Европското првенство, никому ништо не украде, изјави во Рим, селекторот на Азурите Лучијано Спалети.
Спалети и Италија наредната година во Германија ќе ја брани титулата европски шампион.
Спалети за италијанските медиуми зборуваше за пласманот на Италија на ЕУРО и за спорната ситуација на мечот со Украина, кој директно одлучуваше кој ќе оди во Германија.
Судијата Хесус Хил Манзано и неговите колеги од ВАР собата не се огласија во 93.минута по дуелот меѓу Кристанте и Мудрик.
„Не е правилно да се користи таа ситуација за да не критикувате без да при тоа да се погледне остатокот од претставата. Жално е да се слушне дека нешто сме украле, никому ништо не сме украле Заслужено се пласиравме на ЕУРО“, изјави Спалети, а пренесува „Спортмедиасет“.