Top Sport

Спалети нов селектор на „аѕурите“, Наполи најавува тужба

Поранешниот тренер на Наполи, Лучано Спалети и официјално е промовиран во нов селектор на Италија од 1 септември до крајот на Светското првенство во 2026 година, наследувајќи го Роберто Манчини и дебитирајќи против Македонија во квалификациите за Европското првенство во 2024.

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) го потврди ангажирањето на Спалети вечерва, откако тренерот го напушти Наполи, од каде што си замина на 30 јуни откако ја донесе првата италијанска титула по пауза од 30 години. Наполи дозволи да си замине со потпишување на договор од седум страници со клаузула од 3 милиони евра кои ќе треба да ги исплати ако најде нова работа една година пред крајот на договорот.

ФИГЦ инсистираат дека ова се однесува само на клупскиот фудбал како директни ривали на Наполи, но италјанскиот шампион најави тужба против федерацијата и тренерот.

„Му посакуваме добредојде на Спалети. Репрезентацијата секогаш заслужува голем тренер и со неговите квалитети ќе ги надминеме предизвиците кои следуваат“, вели претседателот на ФИГЦ, Габриеле Гравина.

Scroll to Top