Top Sport

Спалети подготвен да го напушти Јувентус

Лучано Спалети е подготвен да поднесе оставка на тренерската ункција во Јувентус, доколку клубот не успее да се квалификува за Лигата на шампионите, и покрај тоа што потпиша нов договор до летото 2028 година пред само неколку недели. Сензационалната вест ја објавува торинскиот весник „Ла Стампа“, а ја објавува и „Фудбал Италија“.

Спалети дојде во Јувентус на 30 октомври минатата година, но наводно има тензии во клубот меѓу него и директорот Дамиен Комоли. Поради ова, Џон Елкан, газдата на клубот и наследник на семејството Ањели, би можел да биде принуден да избере помеѓу двајцата во иднина.

Јувентус беше на работ да обезбеди место меѓу првите четири, но поразот од Фиорентина од 2-0 ги турна на шестото место. Пред последното коло од сезоната, ќе им треба победа во градското дерби против Торино за да се вратат во Лигата на шампионите, под услов барем еден од конкурентите, Рома или Милан, да не успее да го добие својот натпревар.

Според „Ла Стампа“, Спалети е подготвен да си замине доколку не ја постигне главната цел за оваа сезона. Сепак, постои и можност раководството на Јувентус да ја отфрли неговата оставка и да го убеди да остане, давајќи му поголеми овластувања во одлучувањето за составот на тимот.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');