Top Sport

Спалети: Раководството ќе реши за мојата иднина

Тренерот на Интер Лучано Спалети рекол дека нема недоразбирања со клупското раководство, потенцирајќи дека неговата судбина е во рацете на луѓето кои раководат со Интер.

Интер, во саботата, загуби од Џенова 2:0 и доколку Лацио в понеделник ја победи Верона, тогаш екипата на Спалети нема да е меѓу првите четири на табелата во Серија А.

Екипата од „Џузепе Меаца“ се наоѓа во лоша резултатска серија, на последните 10 натпревари има само една победа, поради што италијанските медиуми шпекулираат дека на Спалети му се подготвува отказ.

„Имам добри односи со членовите на управата, но тоа не значи дека тие не ја анализираат мојата работа и дека нема да донесат некои одлуки. Тешко е да се каже било што, оваа сезона има повеќе тренерски отколку новинарски смени“, рекол Спалети за „Раи Спорт“.

Интер немаше пораз во првите 15 кола во Серија, но од триумфот над Киево (5:0) на 3.декември минатата година победи само еднаш, три пати загуби, а осум натпревари одигра нерешено.

Scroll to Top