Вардар го победи Пик Сегед 34:30 (16:14) во 12.коло во Лигата на шампионите. Европскиот првак на две кола до крајот на првата фаза има 20 бода, три повеќе од Нант и четири од Барселона. За да ја осви првата позиција во А-групата и со тоа пласман во четвртфиналето на Вардар во последните две кола ќе му биде потребна една победа.

Вардаровите ракометари добро се испотија за да забележат победа над жилавиот тим на Пик Сегед. Апсолутно израмнето беше првото полувреме во „Јане Сандански“, резултатот најчесто беше изедначен. Вардар во првиот дел, како и во текот на целиот меч не играше добра одбрана, а Сегед во мечот го држеше и ветеранот на голот Сиера.

Црвено-црните ја „стегнаа“ одбраната на почетокот од вториот дел и тоа веднаш влијаеше на резултатот. Токму во таа 36.минута Вардар ја стекна најголемата предност на натпреварот (21:16).

Сегед и покрај негативата немаше намера да се откаже, играчите на тренерот Пастор повоторно „покажаа“ заби и во наредните девет минути се доближија на гол негатива (25:24).

Потоа играчите на унгарскиот тим имаа ддве можности да израмнат, но во тие моменти две добри интервенции имаше Милиќ.

Предноста од гол предност во однос на противникот Вардар имаше до последните три минути, кога Пастор реши да игра со седуммина во нападот, без голман, а таквата игра Вардар ја казни со два гола и на нецели две минути до крајот го откажа Сегед од намерите да направи изненадување.

Тимур Дибиров белскаше на натпреварот со 11 гола, 6 постигна Лука Циндриќ, а 5 Днаил Шишкарев. Голманите на Вардар имаа 11 интервенции, Штербик 7, а Милиќ 4.

Сегед го предводеше ветеранот Сиера кој имаше 13 одбрани, а најефикасни беа Шршен со 6 и Калман со 5 гола.

Наредниот натпревар во Лигата на шампионите Вардар ќе го одигра на 25,февруари во Нант, а потоа во последното коло на 4.март црвено-црните ќе играат против Висла.

фото/rkvardar.mk