Top Sport

Спалети: Рано е да се прави еуфорија за титула

Наполи стигна и до 12. победа во Серија А, десетта по ред во шампионатот, и се зацврсти на врвот на табелата пред Милан со осум бода предност. Сепак, тренерот Лучијано Спалети тврди дека се уште е многу рано да се прави еуфорија за титула.

„Мислам дека може да има повеќе од седум претенденти за титулата во Серија А. Патот пред нас е многу долг и крие многу опасности. Секогаш мора да бидеме фокусирани и да запомниме дека трите бода не се засноваат на вредноста на тимот што е противник, туку на тоа какви се твоите соништа. Ниту сум среќен ниту загрижен што луѓето велат дека конечно ќе го освоиме „скудетото“, изјави Спалети.

Тој ја повтори важноста од ротација во тимот по триумфот од 2:0 против Емполи.

„Ако не промените 4 или 5 играчи за натпревар во средината на неделата, нема да имате сила да издржите 90 минути. Таа ротација станува фундаментална, а кога нашите измени стапија на сцена, можеше да се види како ја сменивме брзината во играта. Во фудбалот веќе нема прв или втор избор за одердување на тимот. Имаме 22 фудбалери и сите се подеднакво важни“, истакна стратегот на „наполитанците“.

Scroll to Top