Лучано Спалети би можел да го напушти Наполи на крајот на сезоната иако на клубот му ја донесе првата шампионска титула по 33 години.
„Кориере дело сера“, тврди дека односот на Спалети со претседателот Аурелио Де Лаурентис е сериозно нарушен.
Спалети има уште една година од договорот со Наполи. Де Лаурентис не му ја честиташе титулата ниту пак го спомна неговот име во плановите за шампионската прослава. Спалети ја пропуштил и прес-конференцијата, а „Кориере дело спорт“, пренесува дека тренерот сигурно ќе го напушти Неапол на крајот од сезоната.
Спалети е во Наполи од јули 2021 година и има постигнато 60 победи во 93 натпревари.
Како негови потенцијални наследници се споменуваат Рафаел Бенитез, Антонио Конте, Џан Пјеро Гасперини и Винченцо Италијано.