Top Sport

Спалети: Зошто толкава бучава околу Икарди, па тој не е Меси

Тренерот на Интер, Лучано Спалети по поразот од Лацио (0:1), рекол дека лошите партии на неговиот тим немаат врска со неиграњето на Мауро Икарди.

Аргентинскиот напаѓач речиси два месеци не е во конкуренција за место во тимот, поради неуспешните преговори околу новиот договор, поради што остана и без капитенската лента.

Икарди во петокот се појавил на тренингот, тренерот побарал да им се извини на соиграчите, а откако не го направил тоа, Спалети му соопштил дека нема да игра против Лацио.

„Се она што се случува делува понижувачки за клубот и навивачите. Да молите некого да игра за Интер, тоа е понижување. Велат дека без Икарди ги губиме натпреварите. Знаете, Интер со години не играше во Лигата на шампионите, а Икарди беше во тимот“, рекол Спалети и дополнил.

„Лионел Меси прави разлика во тимот, а не Икарди. Тој прво мора да научи да биде професионалец, да биде дисциплиниран. Мораш да ги почитуваш соиграчите, а тренерот мора да препознае кои играчи го прават тоа. Во текот на кариерата сум исфрлал играчи од тимот и за помалку од ова што го прави Икарди“.

Интер по поразот од Лацио се на третото место на табелата со 53 бода.

Scroll to Top