Top Sport

Спартак го доби Зенит во руското дерби (видео)

Спартак го совлада Зенит Санкт Петербург со 3:1 во дербито на 18. коло во руското првенство.

Семедов донесе 1:0 водство за Спартак во 19. минута, пред Адријано да го зголеми водството во 30. минута. Крисито успеа да намали на 2:1 и остатокот од мечот беше тесен, сè додека Пашалиќ во финишот на мечот не додаде уште еден гол во мрежата на Зенит.

Со победата, Спартак е на 4. место на табелата со 31 поен, додека Зенит останува втор со 33 поени. Лидер во Русија е Локомотив Москва со 39 поени.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');