Поранешниот сопственик на Ватфорд, Лоренс Басини се согласи да го откупи англискиот второлигаш Болтон вандерерс од страна на Кен Андерсон, објави клубот од Чемпионшипот, ставајќи крај на кризата во клубот.
Басини наводно платил симболична сума од 1 фунта за да ја преземе компанијата „Барнден лежр“, и ветил дека ќе ги исплати сите долгови, вклучувајќи ги и платите на фудбалерите и придружниот состав.
„Се надеваме дека навивачите ќе бидат задоволни да дознаат дека како дел од трансакцијата, сите постоечки долгови на клубот ќе бидат подмирени, што значи првпат по долго време, клубот ќе биде без долг“, се вели во соопштението на Болтон.
Фудбалерите на клубот неколку пати штрајкуваа за платите оваа сезона, и во петок може да испаднат во трета лига доколку загубат од Астон вила бидејќи се на претпоследното 23. место во Чемпионшип. Болтон беа шести во Премиер лигата во 2005 и играа во европските купови, пред да испаднат во 2012 година.
? Club Statement
?? https://t.co/wBb2CyjfxQ#BWFC ??
— Bolton Wanderers FC (@OfficialBWFC) April 17, 2019