Top Sport

Ѓоковиќ не е како Савиќ: Жал ми е и за Нотр Дам и за џамијата Ал Акса (видео)

Новак Ѓоковиќ покрај својата фантастична игра на тениските терени е познат и како човек кому не му пречат националните разлики (како кога навиваше за хрватската фудбалска репрезентација), но и како човек кој е посветен на духовноста и религијата (донирајќи пари за обнова на малата српска црквичка во Ница пред неколку месеци).

За разлика од неговиот сонародник, славниот фудбалер на Црвена звезда, Дуле Савиќ, кој порача дека Французите си го заслужија пожарот на катедралата Нотр Дам, српскиот тенисер прати многу поинаква порака кога го прашаа на Мастерсот во Монте Карло.

„Го видов тоа пред некој ден, но не зборував со никого освен со луѓето од мојот тим. Се работи за една од најисконските културни и религиозни градби во Европа и беше шокантно да се види во пламен. Во исто време видов дека имаше пожар и во џамијата во Ерусалим, славната Ал Акса, и ми беше чудна таа поврзаност. Едноставно е тажно такви градби да доживеат таква хаварија. Им посакувам брзо кревање на Нотр Дам“, изјави Ѓоковиќ.

Дуле Савиќ: Бог гледа, Французите си го заслужија пожарот на Нотр Дам

Scroll to Top