Јувентус повторно им го позајмија голманот Матија Перин на Џенова за сезоната 2020/21, што ќе претставува уште едно враќање на Перин во својот сакан клуб.
27-годишниот Перин помина низ академијата на Грифоне и беше продаден на Јувентус за 14.2 милиони евра во текот на летото 2018 година, но немаше многу шанси кај „бјанконерите“. Во јануари, Јуве им го позајми Перин на Џенова, и тој беше еден од клучните луѓе за да ги спаси од испаѓање во последното коло од сезоната.
Сега, тој се враќа на „Мараси“ на позајмица за сезоната 2020/21, но без опција за купување на неговиот договор, иако тој е обврзан со Јуве само до 2022.