Специја направи камбек за 2:1 победа над Салернитана во меч на два клуба кои грчевито се борат за секој поен за опстанок во Серија А.
Салернитана, охрабрени од првата победа оваа сезона над Џенова (1:0), почнаа подобро и дојдоа во водство во 39. минута преку нигерискиот напаѓач Сими, пред Специја да направи камбек во второто полувреме.
Словакот со интересно презиме Давид Стрелец беше стрелец на израмнувачкиот гол во 51. минута, пред Украинецот Виктор Коваленко во 76. минута да даде гол за прекинување на низата од три порази едноподруго за тимот на Тијаго Мота.
Специја сега е на 15. место на табелата со 7 поени, додека Салернитана останува претпоследна со 4 освоени поени.
Standings provided by SofaScore LiveScore