Top Sport

Халанд се врати со два гола, Борусија на врвот на Бундеслигата

Ерлинг Халанд во првиот меч по повеќе од месец дена за Борусија Дортмунд успеа двапати да биде стрелец за да помогне „милионерите“ да стигнат до 3:1 победа над Мајнц и да се одвојат на два поени пред Баерн Минхен на врвот на табелата (Баварците утре гостуваат кај Баер Леверкузен во дербито на колото).

Марко Ројс уште во 3. минута го отвори резултатот на „Вестфален“, пред во 54. минута, Халанд да биде прецизен од белата точка за 2:0. Буркхарт во 87. минута намали на 2:1 да најави интересна завршница, пред Халанд да стави точка на мечот во 94. минута. Ова е 13. гол за Халанд во само 9 меча за Борусија оваа сезона.

Во другите мечеви, Ајнтрахт Франкфурт доживеа незгоден домашен пораз од 1:2 од Херта Берлин, Фрајбург успеа да го стопира РБ Лајпциг на 1:1 за да остане единствениот непоразен тим во Бундеслигата, додека Бохум стигна до 1:0 гостинска победа кај фенерџијата Гројтер Фирт.

БУНДЕСЛИГА, 8.КОЛО

Борусија Дортмунд – Мајнц 3:1

Ајнтрахт Франкфурт – Херта Берлин 1:2

Фрајбург – РБ Лајпциг 1:1

Гројтер Фирт – Бохум 0:1

Унион Берлин – Волфсбург 1:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top