Фудбалскиот клуб Специја избори историски пласман во Серија А. Клубот кој е основан во 1906 година, во баражот успеа да биде подобар од Фросиноне благодарение на резултатот во регуларниот дел од сезоната.
Специја загуби на домашен терен во реваншот со 0:1, а бидејќи првиот меч на теренот на противникот го добија со 1:0, решаваше пласманот на табелата во Серија Б.
Сезоната Специја ја заврши на четвртото, а Фросиноне на осмото место.
Покрај Специја пласман во Серија А изборија Беневенто и Кротоне.
По натпреварот навивачите низ градските улици го славеа пласманот меѓу италијанската елита.
La Spezia has been promoted to Serie A for the 1st time.
We can see in 1 video why it's so good & so wrong professionall football has been resumed.
I understand everyone in that crowd but I cannot not see the tragedy in it.
Sort of Dancing with tears in my eyes. @brandobenifei pic.twitter.com/Pdu9VBB3En— Thomas Dugaro (@DugarToGo) August 21, 2020