Top Sport

Специја Калчо во изолација поради коронавирусот

Фудбалскиот клуб Специја ги прекина сите активности поради коронавирусот. На последните тестирања, шест фудбалери и еден член на стручниот штаб биле позитивни на вирусот, ковид-19.

„Специја Калчо објавува дека на последното тестирање шестмина фудбалери и еден член на стручниот штаб се позитивни на вирусот. Од претпазливост, клубот ги прекина сите активности. Целиот тим се наоѓа во изолација“, соопшти Специја.

Во период од само 72 часа, ова е втора лоша вест за Специја.

Пред три дена, поради нелегални трансфери на малолетни фудбалери од Африка, ФИФА ја казни Специја.

Клубот нема да може да биде активен на фудбалскиот пазар во наредните две години. Специја има можност да се жали на оваа одлука.

Scroll to Top