По Антонио Конте, кој ќе биде новиот менаџер на Тотенхем, уште еден тренер че се врати во Премиер лигата. Изненадувачки или не, Унаи Емери е пред трансфер во Њукасл јунајтед. Поранешниот тренер на Арсенал, кој го предводи Виљареал, според англиските медиуми ја прифатил понудата од „Сен Џејмс парк“.
На Островот се најавува дека за неколку дена Емери ќе биде промовиран во нов менаџер на клубот, односно пред натпреварот со Брајтон. Бидејќи е под договор со Виљареал, шпанскиот клуб како обесштетување, ќе добие околу шест милиони евра.
Тој вчера, на новинарско прашање, одговорил дека не знае за понудата на Њукасл.
49-годишниот Емери, во кариерата бил тренер на Алмерија, Валенсија, Спартак Москва, Севилја, ПСЖ и Арсенал.
Како тренер четири пати ја освоил Лига Европа, три пати со Севилја и еднаш со Виљареал. Со ПСЖ еднаш бил шампион на Франција, два пати победил во Купот и Лига купот на Франција.
Сезонава не му оди со Виљареал во Примера. „Жолтата подморница“, на 11 натпревари има освоено само 12 бодови.